Градовци

Селото Градовци се наоѓа во јужниот дел на Скопската Котлина, од десната страна на реката Вардар во рамките на Општина Зелениково. Поточно Градовци се наоѓа во планинскиот предел над селото Зелениково во долното сливно подрачје на Кадина Река. Градовци е сместено на допирот од ридскиот предел на исток и планинската падина на запад. Куќите се расположени на зарамнетиот дел во подножјето на планинските падини на Голешница и Китка и на присојните падини на два дола, низ кои избиваат и протекуваат извори. Селото ридско со апсолутна надморска височина помеѓу 550 и 580 метри. Атарот на Градовци зафаќа површина од 19,7 км², од кои шумите зафаќаат 1320,9 хектари, пасиштата 213 хектари, а обработливото земјиште 384,4 хектари. Од градот Скопје е оддалечено 30 километри, а до него се стигнува по асфалтен пат (во еден дел оштетен – земјен) кој води од селото Зелениково. Над селото на планинската падина е распространета густа шума од дабови, буки и нискостеблести грмушки како што се зелениката и прнарите, додека во доловите под селото се застапени и тополите, врбите, оревите и костените. Водата за пиење се обезбедува од двата извори кои протекуваат во споменатите долови, Студен Кладенец и Скрка кои се соѕидани во чешми, а во скоро време таа е спроведена и со цевки до обновените и новоизградени куќи.

преземено од:

Википедиа: Градовци

Leave a Reply